Модул 1
 
 

ОСНОВИ НА МОЈАТА КАРИЕРА – КОЈ/А СУМ ЈАС?

Во овој модул, учесниците истражуваат кои се верувањата што ги имаат за себе, за што се способни и кои се нивните вредности. Овие се основа за учениците да можат да откријат која е најдобрата кариера за нив.

Цели на учењето:

  • Да станете свесни за своите верувања, за тоа кои се тие и што можат да сторат за вас;
  • Бидете свесни за вашите ограничувачки верувања;
  • Бидете свесни за своите вредности;
  • Да разберете како вашата слика и вредности влијаат врз вашата кариера и донесувањето одлуки;

Во овој прв модул ќе зборуваме за основите, изворот на вашата кариера и идниот професионален пат. Ова се вашите верувања, вредности, пасии и цели. Она што верувате и она што го имате ќе ги генерира сите ваши резултати. Ова ќе биде како софтвер што работи во вас, можеби сте или не сте свесни за тоа, но тој е таму и генерира резултати за вас.

Пред да започнеме да зборуваме за кариера, таленти и кариерни патеки, мора да обрнеме внимание на тој внатрешен софтвер, бидејќи тој ќе одреди се што ќе се случува понатаму со вас.

Содржина: Кои се вашите вредности, пасии, цели и како да ги откриете.

Упатства за работните листови: Постојат 3 кратки работни листови за модулот заедно со едно видео.

Овој модул за основање ја опфаќа темата на креирање слика за самите себ, цели, пасии и вредности. Сликата за самите себе ќе ги диктира сите наши постапки во иднина ако не се освестиме да го видиме својот имиџ, сликата која ја имаме за себе формирано и искуството.

Како сликата за себе е релевантна за вашата кариера? Па, ако верувате дека не сте добри во ништо, како можете да изградите успешна кариера? Ако верувате дека уметниците не заработуваат пари, но вие сте генијалец во цртањето, како може да имате исполнета кариера?

Вашата пасија и цел не можат директно да се претворат во кариера, или тие може да се претворат во повеќе од една кариера или кариера и хоби. Но, сите знаеме дека луѓето кои наоѓаат начини да ја живеат својата страст и цел се посреќни, поздрави и заработуваат повеќе пари. Вашата страст и кариера можеби на почетокот нема да се манифестираат како кариера, но тоа сигурно ќе се оствари ако се поттикнете да дознавате кои сте вие, кои активности се соодветни за вашата страст и цел.

Конечно, кога знаеме кои се нашите вредности и не живееме против нив,  тогаш може да имаме кариера и живот што носат просперитет и радост.

Аудио водич за медитација

листа на документи

Корисни Линкови

Оценување:

  • Што научив од Модул 1?
  • Моите следни чекори базирани според Модул 1

ПРАШАЊА:

  1. Што се верувања и како се оформуваат?
  2. Кои верувања ги имате за самите себе?
  3. Кои верувања мислите дека не ви служат во вашиот живот?
  4. Како може да ги смените верувањата кои не ви се од полза?